Вардар за противник во четвртфиналето во Лигата на шампионите ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Пик Сегед и Келце/Кил. По завршување на дуелот со Висла Плоцк, Раул Гонзалез потенцираше дека нема посебна желба околу противникот во битката за пласман на завршницата во Келн, и дека за него најважно е максимално подготвени да го пречекаат четвртфиналето.
– Не, немам никаква желба. Не е важно кој од тие три противници ќе го пречекаме во четвртфиналето. За мене најважно е да се подготви добро екипата, а имаме доволно време до тогаш за тоа, изјави Раул.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.