Ѕвездата на серијата „Чувари на плажата“ и најпозната Плејбој зајачица, Памела Андерсон, во емисијата „Животни приказни“ на водителот Пирс Морган зборувала за односот со рускиот претседател Владимир Путин.
50-годишната актерка отворено зборувала за односот со Путин и за нивната средба.
На прашањето на Морган: Дали ти и Владимир Путин некогаш…?, Андерсон одговорила дека меѓу нив немало ништо, но дека рускиот претседател сакал таа да биде гостин на неговата инаугурација.
-Не прифатив – рекла актерката од „Чувари на плажата“.
Пирс инсистирал актерката да го прецизира нивниот однос, на што Памела одговорила: Имам одличен однос со Русија. Да!
Првиот контакт со Путин го остварила откако пред девет години јавно го повикала да го сопре ловот на китови. Во текот на интервјуто зборувала и за односот со основачот на Wikileaks, Џулијан Асанж.
-Тој е затвореник, тешко е на тој начин да се оствари врска со некој. Го обожувам, мислам дека е одличен и сакам да минувам време со него- истакнала актерката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Памела Андерсон со бизарна порака се прости од Хеф (видео)
-
Збогувањето на Памела од Хефнер е доста бизарно
-
Памела Андерсон клечела пред него -лажниот принц на Црна Гора и Македонија ги измамил сите
-
Памела Андерсон го смени во целост физичкиот изглед: Од фаталната заводничка и секс бомба денес нема ни трага