На адресата на британската телевизиска куќа „Би-Би-Си“ пристигнаа 139 жалби и поплаки за фустанот што го носеше водителката Холи Вилоугби на финалето на музичкото шоу „Гласот на Велика Британија“.
Длабокото деколте и високиот шлиц на црниот фустан со тантела им „бодеше“ очи на многумина, но точно 139 се решиле тоа да го искажат и на писмено.
„Би-Би-Си“ на ова одговори со: „Жал ни е што некои од гледачите го доживеаја фустанот како несоодветен. Холи ужива во модата и нашето мислење е дека на финалната вечер на шоуто таа беше гламурозна и сосема соодветно облечена за пригодата“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


