За вчерашниот случај, кога службено возило на УЈП беше кренато од пајак службата заради паркирање на велосипедска патека, од Управата за јавни приходи излегоа со соопштение во кое велат дека казната е платена од вработениот, а прекршокот не го сторила директорката Лукаревска која била отсутна поради здравствени причини.
– Во врска со јавните објави на социјалните мрежи и случајот од 1 март 2018 година, службено возило на УЈП беше подигнато од Пајак-служба пред зградата на Управа за јавни приходи – Генерална дирекција Скопје, Управата за јавни приходи информира дека поради несоодветно користење, управување и грижа на службено возилото, ќе се преземат соодветни мерки против вработениот во УЈП задолжен за управување со службеното возило. Истовремено, информираме дека казната за непрописно паркирање е платена лично од вработениот, a прекршокот се случува во период на отсуство на директорката од УЈП поради здравствени причини, велат од УЈП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пензионерите што немаат дополнителни приходи не треба да се регистрираат за е-персонален данок
-
Возило на УЈП превртено стои во река – друго удрено во Битола
-
Важи и за плата и за пензија: Секој што има остварено приход, мора да се регистрира во системот Е-персонален данок
-
УЈП ќе шпионира кој работи за странство