Италијанскиот гигант Милан сака да го доведе младиот бразилски талент, Линколн од Фламенго, пишуваат италијанските медиуми.
Седумнаесет годишниот фудбалер се смета за една од најголемите надежи во Јужна Америка. Тој играше за својата татковина на последното Светско првенство до 17 години во Индија, каде постигна три голови во седум натпревари.
Милан е подготвен да плати 30 милиони евра за напаѓачот кој веќе има три натпревари за сениорскиот тим на Фламенго. Актуелниот договор на Линколн е до летото 2020 година и ако се помине според планираното, се очекува да му донесе на бразилскиот клуб сериозни пари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Новиот сопственик на Милан под истрага, ќе се испитува продажбата на клубот
-
Италијански медиуми: Пепе Реина од следната сезона ќе го брани голот на Милан
-
Гатузо задовоен по победата над Рома: Сега личиме на вистински тим
-
Нов проблем за Милан: Сопственикот Ли Јонхон банкротирал, неговиот имот е на продажба