Пролетта во Скопје традиционално е резервирана за детскиот фестивал „Поточиња”. Новото издание „Поточиња 2018” ќе се одржи на 24. и 25. март 2018 година во Македонска опера и балет и воедно ќе значи прослава на 15 години јубилеј на овој реномиран детски фестивал.
На репертоарот се 6 претстави со почеток од 11:00, 13:00 и 19:00 часот. Билетите по цена од 200 денари се во продажба на билетарата на МОБ, Југотон и онлајн на www.jugoton.mk.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.