| четврток, 6 декември 2018 |

Се роди Катја – Наташа Беквалац ја роди втората ќерка!

Пејачката Наташа Беквалац вчера се породи во една приватна болница во Белград.

Бебето на свет дојде еден ден порано, бидејќи породувањето било закажано за денеска. Сестрата на пејачката, Кристина Беквалац веста дека станала тетка ја сподели на својот Инстаграм профил.

– Станав тетка, мојата сестра е мајка по втор пат. На нашата среќа и нема крај. Честито! – напишала Кристина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top