| четврток, 6 декември 2018 |

Коцкарниците и обложувалниците го кријат профитот

kockarniciКонтролите на УЈП увидела дека дел од организаторите на игри на среќа не ја спровеле законската обврска за поставување надзорен информациски систем. Всушност, дел од обложилниците и клуб-коцкарниците сѐ уште не се поврзани со системот за набљудување за да можат да ја сокријат од даночниците вистинската бројка на уплати и исплати на добивки.

Обврска за поставување таков систем имаат 28 организатори со 500 деловни единици. Сите објекти треба деноноќно да се поврзани со информацискиот систем на УЈП, за реално оданочување на добивките.

Од УЈП предупредуваат дека ќе продолжат со контролите, а казните за непочитување на оваа законска обврска е 30-дневно затворање на сите објекти на организаторот на игрите, како и 7 илјади евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top