| четврток, 6 декември 2018 |

Шампионот на ЗОИ: Дојде, лизгаше и го насмеа цел свет до солзи! (видео)

Несекојдневна ситуација на неодамнешно завршените ЗОИ во Појонгчанг! Дојде, лизгаше и до солзи ја насмеа цела ПЛАНЕТА! Главниот актер, секако нема никаква врска со спортот. Освен ако го земеме во предвите неговото занимање – професионален „влетувач“ на спортски случувања.

Неговото име е Марк Робертс. Господинот не сакал да го пропушти најголемото планетарно натпреварување во светот, и лично  со розовото фстанче беше дел од играта во Пјонгчанг.

Од сите зимски спортови, овој британски „влетувач“ го одбрал – уметничкото лизгање! Во ударните термини на Зимските олимписки игри, кога публика од дворецот со нетрпение го очекува спектаклот на мраз, и тогаш се појавува – Марк!
Во балетско здолниште и мајмунче кое ги прикрива интимните делови на телото, Марк заигра на мразот, додека обезбедувањето се обидуваше на сите начини да го запре и да го отстрани.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top