Саксонците и Фрижаните, според официјалната светска историографија, се двe сродни германски племиња кои во првиот милениум од Нашата Ера ги населувале: Саксонија (денешна северна Германија), Фризленд (крајбрежјето на Холандија и северозападна Германија), а подоцна и островот Британија, пишува порталот „Македонска нација“.
Но, според книгата „Историја на делата на учените“ (The History of the Works of the Learned), издадена 1699 година, се верувало дека Саксонците и Фрижаните дошле од Индија во Европа и, всушност, претставувале дел од војската на Александар Македонски.
Авторот вели дека тие се нарекувале Македонци, пред да се населат меѓу германските племиња во Европа.
Авторот, исто така, го поврзува називот „Фрижани“ со „Фриги“ или Бриги – едно од древнo-македонскитe племиња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


