Пожар избувнал синоќа во стан на улица „Павле Илиќ“ цо скопски Чаир, сопственост на шеесетгодишниот Б.Р.. Во пожарот нема повредени.
Министерството за внатрешни работи информира дека пожарот бил пријавен во 20:40 часот во Единицата за информации и команда. Бригадата за противопожарна заштита интервенирала и пожарот бил изгаснат во 21:30 часот.
Се преземаат мерки за утврдување на причините за пожарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.