| четврток, 6 декември 2018 |

Носи скапоцен подарок од поранешниот: Мараја Кери лумпувала со новото момче, а сите гледале во еден детал!

Пејачката Мараја Кери ужива во љубовта со 13 години помладиот танчер Брајан.

Парот во саботата излегол во ноќна забава во еден клуб во Лос Анџелес, а сите гледале во нејзината огрлица која нејзиното поранешно момче ја платило изгор скапо.

Повод за журката бил роденденот на Флојд Мејведер, а штом Мараја со новото момче дошла на неа на сите за око им запнал еден детал околу вратотот на пејачката.

Станува збор за огрлица која пејачката во 2015 година ја добила на подарок од поранешното момче, милијардерот Џејмс Паркер. Таа вреди неверојатни 500.000 долари, а има сензационални 33,95 карати.

Мараја со австралискиот милијардер ја раскина врската пред повеќе од една година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top