| четврток, 6 декември 2018 |

Има еден осомничен за силување на 13-годишното девојче

Обвинителството има еден осомничен за силување на 13-годишната штитеничка од Домот„ 25-ти Мај“, објави „Телма“. Од осомничениот е земен примерок за ДНК анализа која е вчера отпочната.

Истрагата бара ДНК профилот на осомничениот да биде спореден со ДНК профил на непознат маж кој е откриен при медицински преглед на девојчето лани во ноември. Тогаш малолетната жртва била најдена полугола и боса во бесознание на улица во Велес. При медицинските прегледи било утврдено дека девојчето веќе преживеало силување, а најден е примерок со која е утврден ДНК профилот на мажот кој ја злоупотребил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top