| четврток, 6 декември 2018 |

Роналдо стигна до 300-от гол во Примера

Кристијано Роналдо, најдобриот фудбалер за изминатата сезона и пркоси на топката и во новата сезона на Примера.

Португалецот на дуелот со екипата на Алавес постигна два гола и стигна до јубилејните 300 погодоци во дресот на Реал Мадрид во домашното првенство.

За тоа му беа потребни 285 натпревари или 41 помалку од големиот ривал од Барселона, Лионел Меси, кој остана на врвот на вечната листа на најдобри стрелци во шпанскиот шампионат.

Роналдо погоди против 31 различен противник и стана единствениот фудбалер на „кралевите“ со ова достигнување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top