| четврток, 6 декември 2018 |

Вестбрук со звукот на сирената за победа на Оклахома (видео)

Оклахома Тандерс тесно успеа да слави против Сакраменто Кингс со резултат од 110-107, и тоа благодарение на постиганиот кош во последната секунда од натпреварот од страна на Расел Вестбрук.

Кошаркарите на Оклахома го имаа натпреварот во свои раце и дури во еден период водеа со 44:21, но во во третата четвртина Сакраменто се разбуди од сонот и ги зема работите во свои раце поведувајќи со 90-85.

Но, на крај, Сакраменто испуштија продолжение, а за тоа виновен беше прецизниот шут на Вестбрук во последната секунда од натпреварот.

Во победничкиот тим најефикасен беше Пол Џорџ кој постигна 26 поени, а беше следен од Кармело Ентони со 23 поени и Расел Вестбрук кој натпреварот го заврши со 17 поени, 15 скокови и 11 асистенци, што воедно беше негов 18. ,,трипл-дабл” .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top