| четврток, 6 декември 2018 |

Балканските медиуми го прогласија Ване за „доктор за обложување“: Порачав дрес од Де Геа, ќе го врамам и закачам во дневна

Прилепчанецот Ване Лесноски, кој преку спортска прогноза во вторникот стигна до добивка од 560 000 евра, е интересен за медиумите од целиот Балакан кои деновиве пишуваат за него и го прогласија за „доктор во обложување“. Последните два натпревари кои тој ги чекал за големата добивка беа двојките од Лигата на Шампионите, Шахтјор – Рома и Севилја – Манчестер Јунајтед.

Резултатот на првиот меч одеше во негова полза, но доста попроблематичен за Леноски бил натпреварот на „Рамон Санчез Пискуан“ кој прилепчанецот го типувал X2 (нерешено или победа на гостинот). За конечните 0-0 најзаслужен беше голманот на Јунајтед, Шпанецот Давид Де Геа, кој со неколку одлични интервенции го спаси својот тим од пораз, но и на Ване му ја донесе големата добивка.

Токму заради тоа, Лесноски во интервју за еден од порталите од соседството, вели дека веќе го порачал неговиот дрес, кој планира да го врами и да го закачи во својата дневна соба.

– Ќе му бидам благодарен на Де Геа до крајот на животот. Уште синоќа го порачав неговиот дрес преку интернет и планирам да го врамам и закачам да стои во мојата дневна соба. Заслужи човекот, изјавил Лесновски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top