| четврток, 6 декември 2018 |

На местото на споменикот на Ќосето ќе никне дрво „за човекови права“ од видот „Гинко“

На местото каде што стоеше постамент со спомен обележје на Андон Јанев Ќосето ќе биде насадено дрво „за човекови права“ под кое ќе биде изгравиран Членот 10 од Општата повелба за човекови права на Обединетите нации, изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Дрвото што ќе биде насадено на местото на постаментот ќе биде набавено од Нинберг и e од видот гинко.

Во врска со тајмингот кога е отстранет споменикот, поточно 04 часот наутро, Шилегов изјави дека тоа е сторено во доцните часови за да не се закочи сообраќајот на улицата, поради трите големи возила што беа донесени за отстранувањето, како и да не се спречи работата на судовите што започнуваат со работа во утринските часови.

Споменикот на Ќосето бил однесен во просторите на МЗТ. Споменикот на Ќосето кој на ова место стоеше од септември 2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top