| четврток, 6 декември 2018 |

МОН му ги одзеде надлежностите на Таравари да разрешува и именува директори во училиштата

Министерството за образование вчера донело решение со кое на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари му ги одзеде надлежностите во образованието, во делот на разрешување и именување на директори на основни училишта.

Според решението на МОН, Таравари идните девет месеци ќе нема право да именува и разрешува директори на основни училишта во Општина Гостивар.

Министерката Рената Дескоска рече дека решението за одземање на надлежноста на градоначалникот Таравари доаѓа по проверките на Државниот просветен инспекторат, бидејќи градоначалникот разрешувал и именувал директори надвор од законската постапка. Дескоска рече и дека се поништени сите решенија на Таравари за разрешување и именување на директори во училиштата во Гостивар.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top