Р.М. (35) од пробиштипското село Злетово вчера била претепана од нејзиниот сопруг Д.М. (39). Според полицијата сопругот бил во алкохолизирана состојба и почнал да ја навредува сопругата, а оваа исплашена за својата и безбедноста на децата заминала кај нејзините родители. Подоцна, пијаниот сопруг отишол во куќата на нејзините родители и ја нападнал сопругата, нанесувајќи и повреди по телото и лицето. Случајот веднаш бил пријавен во полиција и Д.М. бил приведен, по што било регистрирано присуство на 1,48 промили алкохол во крвта. Сопругата пријавила дека нејзиниот сопруг и лани физички и психички ја малтретирал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.