| четврток, 6 декември 2018 |

Ја претепал невенчаната сопруга

tepana zena

Триесет и двегодишен кумановец брутално ја претепал невенчаната сопруга поради што завршил во притвор.

СВР Куманово поднесе кривична пријава за С.Г.(32) од село Клечовце, Кумановско за кривично дело тешка телесна повреда при семејно насилство.

На 24 минатиот месец во село Клечовце во семејната куќа настанала вербална расправија помеѓу пријавениот и Б.З.(24) со која живеел во вонбрачна заедница, при што во еден момент со дрвен предмет ја удрил Б.З.  по рака  и по нозете, нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди. Истражен судија на пријавениот му одреди притвор во траење од 30 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top