Во наредните пет дена 4.244 тримесечни ДДВ обврзници треба да се приспособат за електронското пријавување на ДДВ и данок на добивка преку системот е-даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk, обврска која почнува на 1 јули 2013 година.
Овие фирми, првите електронски пријави треба да ги достават најдоцна до 25 јули, кога е законскиот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата, врз основа на која се пријавува и плаќа данокот на додадена вредност.
Со новините во даночното работење, досегашниот начин на поднесување на хартиените даночни пријави на шалтерите на УЈП се заменува со нов електронски начин на комуникација со УЈП, кој овозможува 24-часовно поднесување пријави, 7 дена во неделата.
Доколку фирмите не се приспособат на системот за е-даноци, нема да можат навреме да ја поднесат електронската ДДВ-пријава во УЈП, за што е предвидена глоба која достигнува до 3.500 евра во денарска противвредност.
Правните лица и вршители на дејност кои се корисници на стариот систем на е-Даноци, задолжително да мигрираат на новиот систем на електронски услуги https://etax-fl.ujp.gov.mk до 1 Јули, кога стариот систем ќе биде ставен надвор од функција и недостапен за користење на даночните обврзници.
Според последната статистика на УЈП, 11.297 правни лица и вршители на дејност треба до 1 јули да мигрираат на новиот систем е-Даноци, во спротивно нема да можат повеќе да ги користат е-даночните услуги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пензионерите што немаат дополнителни приходи не треба да се регистрираат за е-персонален данок
-
Возило на УЈП превртено стои во река – друго удрено во Битола
-
Важи и за плата и за пензија: Секој што има остварено приход, мора да се регистрира во системот Е-персонален данок
-
УЈП ќе шпионира кој работи за странство


