| четврток, 6 декември 2018 |

Дејвис останува во МЗТ Скопје

Американецот Кејд Дејвис ќе продолжи да игра за македонскиот шампион МЗТ Скопје, а двете страни се договорија да ја продолжат соработката на уште една година. Одличниот бек-шутер одигра одлично за тимот од Аеродром и е еден од најзаслужните што МЗТ ја одбрани титулата и одигра добро во деби-настапот во Јадранската лига.

Пред него верноста кон популарните „штркови“ ја продолжија и Тодор Гечевски и Ѓорѓи Чековски, а МЗТ ангажираше и нов тренер. Србинот Влада Вукоичиќ го замени Алеш Пипан на клупата на шампионот на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top