| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија 2025 и Австралиско – македонската трговска комора ќе ја промовираат Македонија пред австралиските инвеститори

Македонија 2025 и Австралиско – Македонската Трговска Комора почнуваат соработка за промовирање на Македонија како привлечна дестинација за потенцијалните инвеститори во Австралија и поширокиот регион на Азија.

Двете организации исто така се согласија да соработуваат со цел промовирање на Глобалниот Инвестициски Самит за Македонија 2013 пред потенцијалните инвеститори од австралиската дијаспора и други лица заинтересирани да дознаат повеќе за можностите за инвестирање во Македонија. Македонија 2025 ќе го организира вториот Глобален Инвестициски Самит во Охрид, 8-10 октомври, 2013. Овој самит ќе се фокусира на идентификување на конкурентноста на македонската економија и можностите за нејзино зајакнување по пат на иновација, претприешништво и трансфер на знаење.

Австралиско – Македонската Трговска Комора во последните осум години активно работеше на промоција на Македонија во регионот. Комората како официјален Поддржувач на Самитот ќе го промовира Инвестицискиот Самит пред нејзината поширока мрежа на соработници и пред сите заинтересирани бизнис професионалци. „Австралија и поширокиот азиски регион се многу заинтересирани за инвестициските можности кои во моментот постојат во Македонија и оваа соработка сигурно ќе им донесе многу бенефиции на двете страни“ – вели Џастин Наумовски, Заменик Претседател на Комората.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top