| четврток, 6 декември 2018 |

Нов проблем за Милан: Сопственикот Ли Јонхон банкротирал, неговиот имот е на продажба

Сериозен проблем има седумкратниот европски шампион Милан, јавуваат денеска италијанските медиуми.

Сопственикот Ли Јонхон банкротирал во Кина и неговиот имот веќе е на распродажба. Ли должи пари во две банки и долгот е проценет на околу 60 милиони евра. Освен тоа, пред неколку дена властите властите во Кина објавија дека компанијата неколку месеци крие дека е во банкрот.

Сето ова доаѓа во период кога Милан конечно се консолидира и почна да бележи добри резултати. Ако Ли не успее да ги среди своите финансии, Милан ќе има нов сопственик, а тоа ќе биде банка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top