Практиката за изведување на македонската химна во живо од познат домашен артист ќе продолжи и годинава со оглед што честа да ја испее „Денес над Македонија се раѓа“ пред, како што се очекува, преполните трибини во салата „Јасмин“ во Кавадарци ја доби поп-пејачката Наташа Малинкова.
Атрактивната кавадарчанка е одлично позната на љубителите на музиката, но неодамна беше во центарот на вниманието и кај спортските вљубеници. Причина за тоа беше фотографијата која ја објави на социјалните мрежи како топлес навива за ракометарите на Македонија за време на нивниот настап на јануарското ЕП во Хрватска.
Таа денеска ќе ја има честа да ја изпее државната химна пред финалето на Купот на Македонија во кое ќе се сретнат МЗТ Скопје и ведчниот ривал КК Работнички.
(извор – Спорт1.мк)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.