Се обидуваме да ја разграничиме историјата, со сложено име, без иредентистички аспирации во секојдневието и Уставот на соседната земја, вели грчкиот министер без ресор, Алекос Флабурарис во интервју за весникот „Неа селида“.
Говорејќи за протестите за „одбрана на името Македонија“, јавува дописникот на МИА од Атина,Флабурарис, потенцира дека „на ниту еден политичар не му се допаѓа конфронтација со емоциите на народот, особено за едно особено чувствително прашање“, но вели дека конкретниот случај е во интерес на земјата, а со тоа и на целото општество.
– Немам впечаток дека поголемиот дел од грчкиот народ не знае дека разговорите за името на ПЈРМ не се случуваат сега за прв пат. Тоа е дискусија што трае децении во која соседите веќе имаат стекнато името и она што се обдуваме е да ја разграничиме историјата, со сложено име, без иредентистички аспирации во нивното секојдневие и во нивниот Устав. – објаснува министерот без ресор на Грција, задолжен за координација на работата на владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција