| четврток, 6 декември 2018 |

Сите ќе зборуваат за венчавката – Боба и Брена не жалат пари за синот!

Филип Живоиновиќ ја побара за жена својата девојка Александра Пријовиќ со дијамантски прстен сред Мајами. Пејачката побрза да се пофали на социјалните мрежи, а еве што наредно се подготвува.

Имено Филип решил свршувачката да биде далеку од медиумите и семејството, но пејачката навреме сите ги информираше за овој чекор.

-Филип уште во Белград знаеше дека ќе ја сврши Александра и се беше подготвено и испланирано. Романтичната вечер  ја искористил да ја праша Александра дали ќе се омажи за него. Не изостанале насмевки, прегратки и солзи, а набрзо откако пејачката изговорила да, тие го информирале своето семејство наскоро да се подготви за свадба и веселба која ќе биде раскошна- рекол извор близок на семејството Живоиновиќ.

-Боба и Брена за својот најстар син сакаат да направат голема свдба која ќе се памети и за која сите ќе зборуваат. Не сакаат да штедат ни динар и веднаш им рекле дека буџетот е нивна грижа и дека младенците не треба да се оптоваруваат со детали, туку да се опуштат и уживаат во подготвките. Поради работата на Александра останало да се прецизира точниот датум, но сите би сакале свадбата да биде што псскоро – додал изворот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top