Филип Живоиновиќ ја побара за жена својата девојка Александра Пријовиќ со дијамантски прстен сред Мајами. Пејачката побрза да се пофали на социјалните мрежи, а еве што наредно се подготвува.
Имено Филип решил свршувачката да биде далеку од медиумите и семејството, но пејачката навреме сите ги информираше за овој чекор.
-Филип уште во Белград знаеше дека ќе ја сврши Александра и се беше подготвено и испланирано. Романтичната вечер ја искористил да ја праша Александра дали ќе се омажи за него. Не изостанале насмевки, прегратки и солзи, а набрзо откако пејачката изговорила да, тие го информирале своето семејство наскоро да се подготви за свадба и веселба која ќе биде раскошна- рекол извор близок на семејството Живоиновиќ.
-Боба и Брена за својот најстар син сакаат да направат голема свдба која ќе се памети и за која сите ќе зборуваат. Не сакаат да штедат ни динар и веднаш им рекле дека буџетот е нивна грижа и дека младенците не треба да се оптоваруваат со детали, туку да се опуштат и уживаат во подготвките. Поради работата на Александра останало да се прецизира точниот датум, но сите би сакале свадбата да биде што псскоро – додал изворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
И тој застана на лудиот камен: Се ожени таткото на Александра Пријовиќ!
-
Уште едно славење во домот на Живоиновиќ: Трудната Александра со емотивна објава ги разнежи сите!
-
Мајчинството тешко ќе и падне: Еве дали Прија и Филип ќе добијат ќерка или син
-
Веќе испланираа: Еве каде ќе се породи Александра Пријовиќ!