Џеј Ар Смит си замина од редовите на Њујорк никс, а најдобриот шести играч во НБА за минатата сезона е незадоволен од понудата на клубот од големото јаболко. Њујорк му понуди на Смит продолжување на договорот за уште една сезона, а цената за нешто повеќе од 80 настапи во НБА, колку што е циклусот на натпревари, би била 2,9 милиони долари.
Смит не ја прифати понудата и си замина од Њујорк. Тој беше избран за најдобра резерва во НБА, а одигра извонредна сезона со просек од 18,1 поени и 5,3 скока во регуларниот дел од натпреварувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


