| четврток, 6 декември 2018 |

Меси и Аргентина доаѓаат во јуни во Скопје?

Двократниот фудбалски светски шампион Аргентина во јуни би можел да гостува во Скопје, објави „Екипа“.

Како што пишува спортскиот портал ЕКИПА, веќе течат преговорите за пријателски натпревар меѓу Аргентина и Италија кој би бил последен подготвителен за Аргентинците пред настапот на Светското првенство во Русија а би се одиграл на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Фудбалскиот мундијал почнува на 14 јуни во Русија.

Се разгледуваат две можности: Тест на Аргентина со Италија или некоја друга европска селекција, или пријателски натпревар со Македонија. Но, сето тоа ќе зависи од желбата на стручниот штаб на Аргентинците, но и од реалното наоѓање начин за покривање на комплетните финансиски трошоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top