| четврток, 6 декември 2018 |

Средношколци од Македонија на трето место во Централна и Источна Европа по општо знаење

Средношколци од Скопје минатиот викенд учествуваа на натпреварот по општо знаење CEESA Knowledge Bowl кој се одржа во Белград, Србија и го освоија третото место. Тие се изборија за бронзениот медал во конкуренција од 16 тима од различни земји во Централна и Источна Европа.
Станува збор за турнир каде од исклучително значење е брзината, а учесниците одговараат на случајно избрани прашања од различни полиња како природни науки, историја, географија, уметност, лингвистика итн. Покрај од Македонија учествуваа и средношколци од Русија, Хрватска, Полска, Бугарија итн.
CEESA Knowledge Bowl се одржува секоја година во различни градови, а во него земаат учество образовни институции од Централна и Источна Европа.
– Презадоволни сме и од пласманот и од уделот на секој ученик во натпреварот. Го дадовме својот максимум и успеавме да победиме тимови кои важеа за фаворити на Knowledge Bowl . Секоја година испраќаме наша екипа на овој натпревар и почнувајќи од 2015 година учениците се враќаат закитени со медал. Тоа е најголемото задоволство за секоја институција која е фокусирана на раст и развој на секој свој ученик со цел да го постигне својот максимален потенцијал  – велат од Меѓународното училиште „Нова“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top