| четврток, 6 декември 2018 |

На девојчето родено како момче и дозволиле да користи женски тоалет во училиште (видео)

Шестгодишната Кој Матис од Колорадо, која е родена како момче, но од својата четврта година се декларира за девојче, го оствари своето право да го користи женскиот тоалет во училиште. Девојчето, која имала настава во својот дом додека ја чекала одлуката, повторно ќе тргне во училиштето „Иглсајд“ во Фаунтина.

Одделението за граѓански права во Колорадо заклучило дека училишниот округ Фаунтин-Форт Карсон непотребно го довел девојчето во тешка ситуација забранувајќи му да го користи женскиот тоалет.

Родителите на девојчето Кетрин и Џереми Матис во февруари се жалеле со посредство на Фондот за законска заштита и образование на трансродните личности. Пред поднесувањето на жалбата, детето кое се облекува како девојче и на кое во пасошот и во личната карта му пишува дека е женски пол, немало проблеми при користењето на женскиот тоалет.

– Одеше во женскиот тоалет и сите ѝ се обраќаа како на девојче, секогаш беше во друштво со девојчиња – изјавила нејзината мајка во емисијата посветена на овој проблем.

354997_coy-mathis-01reutersfoto-handout_f

Но, една година откако била запишана во училиште, управата на училишниот округ ги известила нејзините родители дека по завршувањето на распустот нема да може повеќе да го користи женскиот тоалет и дека тие треба да ѝ соопштат да го користи машкиот тоалет или тоалетот за болни деца.

Адвокатот на училишниот округ за „Си-Ен-Ен“ изјавил дека училиштето при донесувањето на ваквата одлука имало предвид до какви последици би дошло во иднина доколку дете со машки полов орган користи женски тоалет.

354998_coy-mathis-02reutersfoto-handout_f

Кетрин Матис вели дека нивното дете уште кога имало само 18 месеци почнало да го привлекува сето она што ги привлекува девојчињата.

– Прашуваше кога ќе го однесеме на лекар за телото да ми стане женско – вели таа.

Психологот потврдил дека Кој е трансродна личност, а кога имала четири години, родителите ѝ дозволиле да биде она што е.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top