| четврток, 6 декември 2018 |

Момче нападнато пред зграда: Му се јавиле да излезе за да му дадат пари, па го напднале со нож

Синоќа околу 01.15 часот во Полициската станица Бит Пазар, Д.Г. (20) од Скопје пријавил дека на 14.02.2018 година околу 22.00 часот му се јавило непознато лице кое се претставило како познаник на неговиот другар Б.Н. од с. Арнакија и му рекло да излезе пред зградата во која живее, за да му ги даде парите коишто
Б.Н. му ги должел.

Пријавителот излегол, но во еден момент, Б.Н. од зад грб го удрил со рачка од нож во пределот на главата и
замавнувал со ножот со намера да го повреди и притоа му ја расекол јакната. После тоа, Б.Н. и непознатото лице побегнале, а Д.Г. го земал ножот и го однел во Полициската станица Бит Пазар.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top