На настанот, кој Министерството за култура го организира во партнерство со Британски совет, експерти од неколку eвропски држави ќе споделат знаење, искуства и примери на добра практика со непосредните чинители кои ги создаваат и придонесуваат во развојот на креативните индустрии во Република Македонија.
Гости-говорници се: Џон Њубигин, претседавач на Креативна Англија од Обединетото Кралство; Рагнар Сил, претседавач на работната група за културни и креативни индустрии при Европската унија и потсекретар за уметност во Министерството за култура на Естонија; Ентони Атард, ЕУ проектен координатор во „Св. Кавалир Центар за креативност“ во Малта; Тина Пездирц Нограшек од Регионалната агенција за развој на Љубљана, како и м-р Билјана Прентоска од Министерството за култура на Република Македонија.
Во рамките на вториот ден од одржувањето на форумот, гостите ќе работат со локални претставници од културниот и деловниот сектор во работни групи и ќе ги споделат заеднички своите согледувања и предлози за натамошно унапредување на креативните индустрии во нашата земја. Настанот е предвидено да заврши со усвојување заклучоци кои ќе можат да се вградат и спроведат во политиките за развој на креативните индустрии во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.