| четврток, 6 декември 2018 |

СЈО наместо независни обвинители, политички парадери – не се гледа работата, поважна е облеката

Секое рочиште на СЈО е репетиција на истата филмска, веќе здосадена лента. Обвинителките како филмски звезди пристигнуваат во лускузни државни коли со затемнети стакла. Во нивниот возен парк платен со парите на граѓаните може да се видат најновите модели на Пасат, Пежо, Туарег. Задолжително еден од возачите задишан дотрчува да им ја отвори вратата од задното седиште.

Излегува Фатиме Фетаи, или Ленче, а на денешното судење пред основниот суд дојде и Лиле Стефанова. Поважни се скапите очила за сонце, од материјалите потребни за судењето, па така Стефанова прати еден од прескапо платените службеници од СЈО да ги донесе заборавените материјали во автомобилот, но очилата за сонце ги понесе сосебе.

Новинарите од провладините медиуми направија шпалир небаре како црвениот килим на филмскиот феставил во КАН. Па така, понизно го уснимуваа влегувањето на обвинителите кои пак не заборавија да парадираат со скапите крзнени бунди, брендираната облека и чанти вредни илјадници евра.

 

Инаку обвинителката Стефанова која конкурираше за Републички Јавен обвинител минатото лето се најде како дел од истата пајажина на СЈО на луѓе кои ја искористиле позицијата да си ги вработат своите блиски за добра плата.

И порталот Инфомакс вчера пишуваше дека откако Катица Јанева си го вработи внукот, сватовите и останати членови на пошироката фамилија, оваа привелегија ја искористува и Лиле Стефанова која си го вработила кумашинчето. Вујкото пак на кумашинчето на Стефанова е член на ДИК од Радовиш кој ги застапува интересите на СДСМ, додека пак неговата сопруга е обвинител од Велес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top