Со проекција на шпанскиот дебитантски филм „Лето 1993“ на Карла Симон, вчеравечер во Кинотеката на Македонија беше отворена ретроспективна програма на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“.
Во рамки на програмата се прикажуваат четири дебитантски долгометражни филмови од Шпанија, Америка, Костарика и Холандија. Филмовите беа дел од меѓународната селекција за награди на „Киненова“ во 2017 година.
Вечер на програмата е „Колумбус“, следната проекција е на 18 февруари – „Звукот на нештата“, а ќе заврши со „Квалитетно време“.
– Фестивалот оваа програма ја прави во соработка со Кинотеката како уште една можност за гледачите кои не успеале да ги погледнат овие филмови за време не премиерните прикажувања или кои сакаат да ги погледнат повторно, соопшти организаторот.
Настанот е поддржан од амбасадите на Шпанија и Холандија во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Три фантастични филмови на Зеки Демиркубуз- enfant terrible на турската кинематографија во кино „Милениум“
-
Небојша Јовановиќ, директор на МФФ „Киненова“: Нема поубава работа од тоа да си го одржите личниот, но и колективниот интегритет на високо ниво
-
Репризни проекции на филмовите наградени на „Киненова“
-
Денеска завршува програмата за Европско културно наследство на „Киненова“