Погребот на актерот Небојша Глоговац во Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта во Белград започна денеска со опело во 14 часот.
Вечната куќа на актерот ќе биде крај Милорад Мандиќ Манда, а во истиот ред каде што се наоѓаат и гробовите на Драган Николиќ и Велимир Бата Живоиновиќ.
Таткото на Небојша Глоговац, свештеникот Милован Глоговац, служи опело, додека актеровиот помлад син го носи крстот.
Меѓу првите на гробиштата стигнаа Емир Кустурица и Слобода Мичаловиќ, пејачот Сергеј Четковиќ, Александар Среќковиќ Кубура, Вукашин Марковиќ, Никола Којо, Драган Бјелогрлиќ, Ивица Дачиќ, Милан Васиќ и многу други.
Просторот беше премал да ги прими сите кои сакаа да одадат последна почит на големиот српски актер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Глоги, чекам да се чуеме… за викенд – проштално писмо на Жарко Лаушевиќ на Глоговац!
-
Ѕвездите не се веќе пожелни, изгаснете ги сите – срцето да препукне од некрологот за Глоговац!
-
Кога ќе дојде мојот час, би сакал ти да ме пречекаш таму – Сергеј Трифуновиќ се прости од Глоговац
-
Се држам – Небојша Глоговац објави силна порака на Инстаграм!