| четврток, 6 декември 2018 |

Детали за страотната сообраќајка во Демиркаписка клисура

Едно лице е потешко повредено, а едно e со полесни повреди во сообраќајната несреќа што вечерва се случи на автопатот Демир Капија-Удово и предизвика прекин на сообраќајот.

Потешко е повредена 33-годишната патничка која е од Валандово. Нејзината состојба е сериозна и таа е пренесена во Скопје, на Клиниката на неврохирургија.

Од МВР информираат дека патничко моторно возило се извртело и удрило во товарно возило на делот од патот по демиркаписките тунели.

Сообраќајот на патниот правец Демир Капија – Неготино, кој беше во прекин поради сообраќајна незгода, е нормализиран во двата правци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top