Седумдесет и пет дена до денес се во протвор заради тероризам патриотите кои 74 дена повикуваа на сплотеност во одбрана на заедничка Македонија.
„Јас сум сосема обично момче кое не сака да му го заробуваат времето. Гледам фудбал, свирам на сѐ, од ѕвонче на точак до пијано. Некогаш сакам да се спружам покрај езеро со слушалки на уво и да читам некоја света книга, некогаш ме радува самиот процес на скара. Можам со саати да стојам над убаво нажарена решетка и да га ги прехранам останатите членови на родова заедница. Уживам во луѓето што ги сакам“, вели Богдан за себе во едно интервју објавено во 2013 година.
„Борбата која Уставот кој не го кршиме ни ја овозможува на мирен демократски начин. Со постојаност, со истрајност, со непопуслитвост. Ова е борба за принципи, ова е вистинската борба за правдина во Македонија. Ова е борба за Македонија, суверена и независна. И ќе победиме. Не се посилни од нас, ако решиле да го силуваат Уставот еден ден ќе дојде крај на тоа. Ако решиле да одат против гласот на граѓаните, и на тоа еден ден ќе му дојде крајот. Заедно, сплотени како едно секој ден, ние и сите браќа и сестри низ цела Македонија“, ќе рече Илиевски на протестите.„Нашата битка е битка за правда за Република Македонија, битка која ја водиме со љубов, а не со двојни стандарди и битка во која порачуваме дека правото и правдата еден ден повторно ќе стапат на сила во Република Македонија, а не онаа сила од надвор која вели дека нема правдина“.
„Ако некој, ако има некој во оваа земја на кого му пречи ова знаме, тој треба да поработи на себе, на своето воспитување, са својот однос кон соседите, кон браќата, а не да бара да бидат дискриминирани и тормозени стотици илјади граѓани, кои никому зло ниту помислиле, ниту направиле. Ако некој има проблем со химната на Крушевската република и на Гоце и на Даме, ама и на Питу, со Крушевската република, од каде произлегол и Крушевскиот манифест, манифест кој што поширок не може да биде, тогаш исто тој човек треба да си провери главата, да размисли што зборува и како им се обраќа на оние кои него го следат, каков пример им дава, а не да бара ние да ја виткаме кичмата. 71 ден доаѓаме тука, баравме најчесно да се откажат од таа Тиранска платформа, прво негираа, не постоела, после им ја читаа во Собрание, нивните нови колеги, поранешниот режим, сега големите демократи.“
Историјата се повторува – патротите зад решетки
Оваа очигледна политичка хајка, чиишто жртви одвен Илиевски се и актерот Владо Јовановски, режисерот Борис Дамовски, пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, поранешниот прв човек на ДБК Митко Чавков, е повторување на историјата на сите оние кои страдале за Македонија. Во деновите кога на слобода излегуваат осудени терористи, и други осудени криминалци, современите борци за Македонија 75 дена седат во затворот во Шуто Оризари.
Политичкиот притосок е очигледен – целта е на притворените во Шутка да им се скрши духот и достоинство и да се испрати порака до сите кои ќе се осмелат да застанат во одбрана на македонија, токму денес, токму во овие историски моменти кога се решава судбината на Македонија.
Македонија чекори по работ на огромна бездна, која и се заканува по нејзиното постоење, онаква каква што постои по АСНОМ и 8 септември 91та. За само 10 месеци се склучи штетен договор со Бугарија со кој македонската историја станува и бугарска, во собранието е закон за јазици ист онаков на каков што предупредуваа од За Заедничка Македонија, закон кој треба да ја редифинира државата и закон со кој се губи унитарниот карактер на државата. И на крај, додека патриотите како Богдан седат 75 дена во затвор, актуелната влада и Зоран Заев договараат преименување на државата и откажување од македонскиот идентитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст