| четврток, 6 декември 2018 |

Терористот Илиевски сплотуваше: Наша должност е на идните генерации да им оставиме земја во која ќе живеат заеднички, мирно и достоинствено

Седумдесет и пет дена до денес се во протвор заради тероризам патриотите кои 74 дена повикуваа на сплотеност во одбрана на заедничка Македонија.

Ќе пробаат со сѐ да нѐ разбијат. Со спинови, со навреди, со закани. Со етикетирања. Сакаат да нѐ нема од улиците, од нашиот пат, бидејќи се плашат од нас и бидејќи нашиот пат не е и нивни пат. Нашиот пат е пат на достоинство, чест и ред, нивниот пат е пат на силување на демократијата и газење на Уставот и законите во Република Македонија. Нема да им помине. Нема да успеат, без оглед на тоа што некој мисли во моментов. Нема, бидејќи ние сме тука. Бидејќи ние веруваме. И бидејќи ќе бидеме поупорни од нив“, ќе каже во еден од своите говори Богдан Илиевски на протестите „За заедничка Македонија“.
И беше во право. Токму тоа што го кажа, тоа се оствари. Го етикетираа како терорист, го навредуваат, спинуваат дека свесно влегол во Собранието да ги убие пратениците, а, пред сѐ, пробаа да го разбијат она за што се залагаше на протестите за Македонија.
Богдан Илиевски е роден на 18 март 1986 година во Охрид. Иако дипломирал на Архитектонскиот факултет и никогаш не ја напушти струката, афинитетите кон општествените случувања и активното учество во нив, како и борбата за подобра иднина, остварување на правата и заштитата на интересите на Република Македонија ги демонстрира во текот на целиот живот во разни форми. Преку пишаниот збор како колумнист на повеќе портали, како познат ракопис на социјалните медиуми во државата, па сѐ до учество во повеќе протести и граѓански иницијативи. Во твитовите, колумните и статусите на Бетмен велит се претопени перцепциите на обичниот човек, онаков каков што е и самиот Богдан.
„Јас сум сосема обично момче кое не сака да му го заробуваат времето. Гледам фудбал, свирам на сѐ, од ѕвонче на точак до пијано. Некогаш сакам да се спружам покрај езеро со слушалки на уво и да читам некоја света книга, некогаш ме радува самиот процес на скара. Можам со саати да стојам над убаво нажарена решетка и да га ги прехранам останатите членови на родова заедница. Уживам во луѓето што ги сакам“, вели Богдан за себе во едно интервју објавено во 2013 година.
Овој човек, обвинет за тероризам, денес е во затворот во Шутка. Во моментов Македонија е единствена демократска држава во светот каде што за терористи се обвинуваат и прогласуваат луѓе кои протестирале за заштита на уставноста на државата.
„Борбата која Уставот кој не го кршиме ни ја овозможува на мирен демократски начин. Со постојаност, со истрајност, со непопуслитвост. Ова е борба за принципи, ова е вистинската борба за правдина во Македонија. Ова е борба за Македонија, суверена и независна. И ќе победиме. Не се посилни од нас, ако решиле да го силуваат Уставот еден ден ќе дојде крај на тоа. Ако решиле да одат против гласот на граѓаните, и на тоа еден ден ќе му дојде крајот. Заедно, сплотени како едно секој ден, ние и сите браќа и сестри низ цела Македонија“, ќе рече Илиевски на протестите.

„Нашата битка е битка за правда за Република Македонија, битка која ја водиме со љубов, а не со двојни стандарди и битка во која порачуваме дека правото и правдата еден ден повторно ќе стапат на сила во Република Македонија, а не онаа сила од надвор која вели дека нема правдина“.

„Ако некој, ако има некој во оваа земја на кого му пречи ова знаме, тој треба да поработи на себе, на своето воспитување, са својот однос кон соседите, кон браќата, а не да бара да бидат дискриминирани и тормозени стотици илјади граѓани, кои никому зло ниту помислиле, ниту направиле. Ако некој има проблем со химната на Крушевската република и на Гоце и на Даме, ама и на Питу, со Крушевската република, од каде произлегол и Крушевскиот манифест, манифест кој што поширок не може да биде, тогаш исто тој човек треба да си провери главата, да размисли што зборува и како им се обраќа на оние кои него го следат, каков пример им дава, а не да бара ние да ја виткаме кичмата. 71 ден доаѓаме тука, баравме најчесно да се откажат од таа Тиранска платформа, прво негираа, не постоела, после им ја читаа во Собрание, нивните нови колеги, поранешниот режим, сега големите демократи.“

Историјата се повторува – патротите зад решетки

Оваа очигледна политичка хајка, чиишто жртви одвен Илиевски се и актерот Владо Јовановски, режисерот Борис Дамовски, пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, поранешниот прв човек на ДБК Митко Чавков, е повторување на историјата на сите оние кои страдале за Македонија. Во деновите кога на слобода излегуваат осудени терористи, и други осудени криминалци, современите борци за Македонија 75 дена седат во затворот во Шуто Оризари.

Политичкиот притосок е очигледен – целта е на притворените во Шутка да им се скрши духот и достоинство и да се испрати порака до сите кои ќе се осмелат да застанат во одбрана на македонија, токму денес, токму во овие историски моменти кога се решава судбината на Македонија.

Македонија чекори по работ на огромна бездна, која и се заканува по нејзиното постоење, онаква каква што постои по АСНОМ и 8 септември 91та. За само 10 месеци се склучи штетен договор со Бугарија со кој македонската историја станува и бугарска, во собранието е закон за јазици ист онаков на каков што предупредуваа од За Заедничка Македонија, закон кој треба да ја редифинира државата и закон со кој се губи унитарниот карактер на државата. И на крај, додека патриотите како Богдан седат 75 дена во затвор, актуелната влада и Зоран Заев договараат преименување на државата и откажување од македонскиот идентитет.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top