Се чини дека се е подготвено за официјалното отворање на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг. Расположението на домаќините е на високо ниво, но оваа година Олимпијадата ќе биде најстудена во последните неколку децении.
Властите во Јужна Кореја издадоа предупредување за опасно ниските температури низ целата земја. Се очекува дека температурата ќе паднат на минус 9 степени за време на церемонијата на отворање на игрите.
Ладното време направи олимпијците да преземат дополнителни мерки. Учесниците во американската делегација се опремени со специјална облека, која затоплива со помош на батерии.
Домаќините ќе им дадат топли капи и ќебиња за гледачите на церемонијата на отворањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.