Раел Мадрид останува без Икер Касиљас во најважните натпревари во сезоната по фрактурата што голманот ја заработи синоќа во реванш натпреварот од Копа дел Реј во Валенсија (1-1). Првичните прогнози велат дека голманот на белите кој во последниот период често беше на клупата за резерви сега принудно ќе одмора барем четири недели иако постои страв дека враќањето може да се пролонгира и до три месеци. Во тој период Реал го оечкуваат средби од ЛШ со Манчестер Јунајтед и со Барселона (ако таа денеска ја мине Малага) во полуфиналето од шпанскиот куп.
Ви меѓувреме најтиражниот шпански весник Марка пишува дека токму Касиљас и Серхио Рамос на претседателот на Реал Флорентино Перез му поставиле ултиматим, или тие или Мурињо. Претседседателот на кралевите брзо демантираше дека такво нешто се случило.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


