| четврток, 6 декември 2018 |

Клаустрофобична драма за животот под опсада во Дамаск

„Во Четири Ѕида“, интензивна драма на режисерот Филипе Ван Лиу, ни ја носи приказната за клаустрофобичниот живот на едно семејство во срцето на сириската воена зона. Филмот успеа да го редефинира жанрот на воени филмови, затоа што на посебен начин ги држи гледачите, држејќи ги како заложници заедно со семејството кое го следат на големото платно.

Заробена во ѕидовите на својот дом под опсада, сиријката Оум Јазан, мајка на три деца, го претвора станот во безбедна зона за своето семејство и соседите, обидувајќи се да оддржи што е можно по нормален ритам на живот. Кога снајперисти ќе го претворат дворот во зона на смртта, бомбите се закана за конечно уништување на зградата, а провалниците доаѓаат по својот плен, одржувањето на кревката рамнотежа станува прашање на живот или смрт.

Кога е во прашање оваа тема сакав брзо да реагирам, затоа и одлучив да го снимам филмот на една локација – во стан, и да ги проследам случувањата во 24 часа. Сакав да го доловам двигателот на обичните луѓе во вонредна ситуација – без приказни за херои, туку за луѓе и нивните реакции според ситуацијата во која ќе западнат.

Филипе Ван Лиу е роден во Брисел, студирал на уметничката академија ИНСАС пред да се пресели во Лос Анџелес, каде се запишува на студии по филмска камера на Американскиот Филмски Институт. Неговата посветеност на социјалните и поетични филмови го доведуваат до снимањето на неговиот долгометражен првенец „Денот кога Бог замина“ 2009 година. „Во Четири Ѕида“ е негов втор долгометражен филм, кој е премиерно прикажан во програмата на „Панорама“ филмскиот фестивал во Берлин, каде освојува награда од публиката за најдобар филм.

Домашната публика ќе има можност да го погледне филмот „Во Четири Ѕида“ во кината од 08 февруари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top