Денеска е Преподобна Ксенија Римјанка.
Ксенија потекнуваше од римско аристократско семеј¬ство. Во семејството го доби името Евсевија. Сакајќи да ја омажат, родителите подготвија свадба, но Евсевија тајно го напушти домот и, заедно со две свои поранешни слугинки, го започна монашкиот подвиг на островот Коа. Таму и се нарече Ксенија, што значи туѓинка. Подоцна, сите три се преселија во карискиот град Милас. Таму останаа до крајот на своите зе¬мни животи. Грижливо чуваната тајна на преподобна Ксенија, поранешната Евсевија, ја откри една од нејзините сестри после нејзината смрт, зачувувајќи го на тој начин ова чудесно сведоштво за Црквата Христова.
Го оглед на тоа дека станува збор за светителка која цел живот се борела за правотот на жените сами да одлучуваат што ќе прават со совјто живот, Ксенија и деенска се смета за заштитничка на поубавиот пол. Затоа дамите денеска би требало да се воздржат од било каква работа, посебно врзана за куќата.
Наместо тоа во чест на оваа светителка би требало денот да го поминат во природа и одмор, како и задолжително да свратат до црква и да запалат свеќа во нејзина чест.
Се верува дека желбата која ќе биде замислена во моментот додека се молат на Света Ксенија, сигурно ќе биде исполнета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.