| четврток, 6 декември 2018 |

Драма во животот на Емина – пејачката и нејзиниот сопруг не живеат заедно!

Емина Јаховиќ, како што се дознава, последниве месеци проживува драма во приватниот живот, бидејќи со сопругот Мустафа Сандал е во лоши односи.

Иако на сите начии се обидувале да ги средат односите, како и јавноста да ја убедат дека во нивните животи се е во ред, Емина и Мустафа никогаш не биле во позатегнати односи. Имено, веќе со месеци во брачната заедница не е се како што треба, а парот стигнал на чекор до развод. Се почестите несогласувања довеле до нивно одалечување, а прво од куќата се отселил Мустафа, додека Емина останала со децата во лускузниот стан.

-Емина и Мустафа со разговор се обиделе да ги решат несогласувањата. Меѓутоа откако не успеаја, прв од станот се отсели Мустафа. Тоа беше тежок период за семејството, а Емина и Мустафа ретко комуницираа – рекол извор близок на семејството.

Набрзо турксите медиуми почнаа да пишуваат за разводот на овој пар и сфаќајќи дека ќе се најдат на удар ако продолжат со ист начин на живот, но и поради семејството, Мустафа и Емина на љубовта и пружиле уште една шанса.

-Се смирија и продолжија да живеат заедно. Тогаш настанаа заедничките фотографии, иако во јавноста долго ги немаше, па се обидоа да ги демантираат наводите дека нивиот брак е пред крај – додава изворот.

Меѓутоа несогласувањата повторно почнаа и набрзо Емина се одалечила до станот како би размислила за се.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top