| четврток, 6 декември 2018 |

Мекици…мекици насекаде! – како се снимаше видеоспотот за песната на Влатко Стефановски

Иако на Запад тоа често се слушува, кај нас ретко се случува признат музичар да напише песна за некој бренд. Неодамна тоа го направи најпознатиот гитарист на балканот, Влатко Стефановски, за „Мекиците од Стража“. Она што е ново е дека изминатава недела се снимаше и видеоспотот за истата. Стотина момци и девојки учествуваа на обемниот кастинг за на крај тимот кој работеше на видеото да се одлучи за Филип, Владо, Сара и Милица.

1 2

А тимот задолжен за целата креатива и реализација е продукцијата „Еден на Еден“. Името не го украле од ток шоуто на Жарко Димитриоски, а во тоа сме сигурни затоа што лично Жаре и неговите блиски соработници пред една година го почнаа работењето на истата. За овој период „Еден на Еден“ изработи голем број рекламни спотови, кампањи, промотивни настани и останати маркетиншки активности за нејзините партнери, паралелно работејќи на ТВ-емисијата и фестивалот „Балкан стендап“, веќе важи за можеби најквалитетниот стенд ап настан на Балканот и кој оваа зима ќе го има своето четврто издание.

3 4

 -Ако ми се родеше бебе деновиве, најверојатно ќе служев пити! – се пошегува Жаре, алудирајќи на десетиците мекици кои екипата ги изеде во неколкуте дена колку траеше снимањето.

5

Од „Еден на Еден“ најавија дека видеото ќе се финишира до крајот на неделава и дека се максимално задоволни од тоа како се одвивал процесот на снимање.

DSCF5143 DSCF5184 DSCF5259 DSCF5316 DSCF5351

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top