Вчерва во 20 часот, во камерната сала на Македонската филхармонија, втор концерт ќе одржи СКОПСКИ БРАС-КВИНТЕТ. Со со овој перформанс ансамблот отвора едно ново поглавје во овдешната изведувачка уметност.
„Imagine“, „Hey Jude“, „I Want to Hold Your Hand“, „Yesterday“, „She Loves You“, „Help“, „Bohemian Rhapsody“, „Somebody to Love“ се само некои од планетарните хитови на две од неколкуте најзначајни пројави во историјата на популарната музика – британските рок бендови „Битлси“ и „Квин“.
СКОПСКИ БРАС-КВИНТЕТ го сочинуваат Александар Илијевски и Вилијам Бараковски – труби, Благоја Василевски – хорна, Никола Ристевски – тромбон и Александар Ниниќ – туба. Тие се редовни членови во националните музички куќи – Македонската филхармонија и Македонската опера и балет, но и надворешни соработници во Градскиот дувачки оркестар, Биг-Бендот на МРТВ и Биг-Бендот на Здружението на Џез-музичари на Македонија.
Queen vs. The Beatles, Freddy Mercury vs. John Lennon, Brian May vs. Paul McCartney. Концерт на Скопскиот Брас Квинтет на кој ке прозвучат безвременските хитови како: Imagine, Hey Jude, Yestrday, When I’m Sixty-Four, Bohemian Rhapsody, Somebody To Love, Help, I Want to Hold Your Hand, Sergeant Paper Lonely Hearts Club Band, A Hard Day’s Night.
Наместо на вообичаените електрични инструменти овие рок хитови ќе прозвучат низ раструбите наовие музичари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.