Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска, заедно со потпретседателот Владо Мисајловски и генералниот секретар Игор Јанушев остварија заеднички состанок со претседателите на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ. На состанокот беше разгледувана политичката состојба во државата, внатрепартиските состојби и активности, како и размена на мислења и сугестии за понатамошното делување.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски посочи дека стандардот на граѓаните е загрозен и дека владата демонстрира неспособност со справување на економските предизвици. Нема никакви странски ниту поголеми домашни инвестиции, а економскиот развој целосно стагнира, што негативно се одразува врз економската моќ на граѓаните која е во надолен тренд.
Беше посочено дека очекувањата на граѓаните се изневерени и дека постојат сериозни предизвици во повеќе сфери и области, вклучително и здравството, образованието, земјоделието.
Политичкиот прогон продолжува, а партискиот реваншизам по инсттуциите станува основно средство за дејствување на власта. Беше истакното дека државата бележи застој и во реформските чекори врзани за евроатланските интеграции во клучните области: судството, борбата против корупцијата, медиумската свера, екононскиот сектор.
Беа разменети мислења и ставови во однос на понатамошното делување, притоа беше заклучено дека ќе се продолжи со процесот на транспарентно одлучување за сите одлуки од важност за партијата и нејзиното членство и постојана присутност на терен меѓу граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Мицкоски: Ах, Устав ли е, принцип ли е, Вице ли е?
-
Мицкоски: Заев се фалеше дека странските инвестиции ќе растат, НБРМ констатира минусно салдо и одлив на инвестиции
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии