| четврток, 6 декември 2018 |

Рама ги налути Грците – бара да се подигне споменик на Чамите во Грција

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека барањето на официјална Тирана упатено до Атина да го признае правото на имотот на Чамите во Грција е основно човеково право кое го гарантираат и меѓународните конвенции. Рама во интервју за албанската телевизија ,,Визион Опус“, нагласи дека ,,за Грците прашањето за Чамите не постои, бидејки тие објаснуваат дека тоа прашање е проблем со територијални пратензии на Албанија кон Грција. Ние немаме територијални претензии, туку бараме во согласност со меѓународното оправо да се вратат имотите на Чамите, кои се Албанци и кои имаат свои имоти во Грција“.

Премиерот на Албанија, Еди Рама притоа истакна дека Грција треба да ги прифати барањата на Албанија кога се во прашање Чамите, а треба и да се подигне нивен споменик в0 Грција.

Албанските медиуми во ударни термини информираат дека во Грција медиумите барањето на Рама го оценуваат ,,како бомба на Рама насочена кон Грција“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top