Во кругот на детска градинка во Скопје на улицата Среќко Пужалка вчера било опожарено товарно моторно возило „Субару Либеро“ сопственост на градинката.
Како што информираа од полицијата, возилото подолго време не било во возна состојба и било оставено во кругот на детската градинка.
Полицијата работи на расчистување на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.